Колкави се шансите терористите да го ослободат заробениот Хрват во Египет?

Колкави се шансите терористите да го ослободат заробениот Хрват во Египет?
Колкави се шансите терористите да го ослободат заробениот Хрват во Египет?

Се сомневам дека египетските власти ќе почнат да ги исполнуваат барањата на терористите, вели др. Иван Ивековиќ, долгогодишен професор на Американскиот универзитет во Каиро, за хрватски „Јутарњи“.

Во затворите во Египет се наоѓаат најмалку 40.000 зтвореници, а најмалку третина однив се жени, во најголем дел муслиманки, вели професорот.

Терористите во видео снимката многу неодредно бараат во замена за животот на Томислав Салопек, од затвор да се пуштат „муслимански жени“. Медиумте шпекулираат дека се работи за 14 жени уапсени кон кракот на 2013 година и осудени на 11 години затвор, поради припадност на Муслиманското братство во Египет.

Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!
Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

Нејасно барање

Ако навистина се работи за тие жени, тоа ја прави работата крајно нејасна, бидејќи организацијата на Исламскиот калифат, синајската организација, ни на кој било начин не е поврзана со Муслиманското братство, кои водат сопствена војна против египетската држава, вели Ивековиќ.

Поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, кој е урнат во воен удар, бил кандидат на Муслиманското братство. По неговото симнување од власт, организацијата е прогласена за терористичка, лидерите се уапсени, некои од нив се во бегство, а и понатаму се апсат пониските структури на организацијата.

Не е јасно зошто синајската организација се залага за жените од Муслиманското братство, особено поради тоа што поединци од оваа организација кои избегале, упорно ги осудуваат акциите на ИСИЛ, вели професорот.

Тој се сомнева дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот Хрват, бидејќи власта во Египет не е склона кон удоволување на барања од кој било. Тој истакнува дека во моментот им се суди на голем број новинари на „Ал Џезира“ и на други медиуми, од кои многу се странски државјани, поради обвинение дека во Египет организирале терористички келии.

Ивековиќ: Се сомневам дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот Хрват
Ивековиќ: Се сомневам дека ќе се пронајде начин да се ослободи заробениот Хрват

Нема попуштање

И покрај големите притисоци на странските влади, египетските власти не ги ослободуваат. Зошто тогаш би одговориле на барањата на терористите?, се прашува професорот Ивековиќ.

Вознемирувачко видео: Џихадистите заробија Хрват и се закануваат дека ќе го убијат!

На Интернет се појави видео снимка на која припадници наИсламската држава се закануваат дека за 48 часа ќе ликвидираат еден Хрват кој го држат како заробеник во Египет. Се работи за хрватски државјанин Томислав Салопек (31), од Врпоље.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.