Терористички напад во Ливерпул: Таксист го заклучил бомбашот во автомобилот и спречил катастрофа (ВИДЕО)

Едно лице загина во експлозија на такси во Ливерпул кога бомбаш самоубиец активирал бомба. За среќа таксистот преживеа, а избегната е поголема трагедија со оглед на тоа што експлозијата се случила пред болницата.

Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање, пишува Дејли Мејл.

Се чини дека таксистот Пери (45) бил заложник на бомбашот и дека им дал знак на граѓаните да не се приближуваат кон автомобилот, бидејќи на видеото се гледа како само неколку секунди по експлозијата, маж притрчал до возилото и го извлекол.

Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил бомбашот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да истрча во болница и да ја активира бомбата.

Граѓаните сметаат дека станува збор за терористички чин, дека целта всушност била катедралата во Ливерпул, каде во моментот на нападот имало многу луѓе, но дека поради метежот во градот, бомбашот го пренасочил таксистот во болницата во која имал намера да го приреди крвавиот чин.

Мотивите за експлозијата сѐ уште не се познати, како и кој е бомбашот самоубиец, но мажи на возраст од 21, 26 и 29 години се уапсени во областа Кенсингтон во Ливерпул поради вмешаност со експлозијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.