Терористички напад со „калашников“ во центарот на Брисел

Неидентификуван напаѓач отворил оган од автоматска пушка во ресторан во центарот на Брисел, но засега нема пријава за настрадани, пренесува телевизијата RTBF, повикувајќи се на обвинителството на беглиската престолнина.

Еден очевидец видел како маж пука од оружје, коешто наликувало на автомат ’калашников“, во насока на излогот од ресторан во авенијата Луј, изјавила портпаролката на обвинителството, Ине Ван Вимерс.

Таа дополнила дека местото на инцидентот полицијата нашла траги од три куршума. Мотивите за нападот, кој се случил десетина минути по полноќ кон понеделникот на една од главните трговски улици во Брисел, засега не се познати. Според извори од органите за спроведување на законот, инцидентот не е поврзан со тероримот, но истрагата продолжува со рагледување на сите опции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.