Терористот во Виена е Албанец и има корени од Тетово?

Истражував некои работи за терористот во Виена и дознав дека е 20-годишно момче, родено и израснато во Виена, со албански корени, а неговите родители потекнуваат од Северна Македонија, напиша на Фејсбук познатиот австриски новинар Флориан Кленк.

„Името на терористот е Куртин С. Роден е во 2000 година во Виена и има албански корени. Неговите родители потекнуваат од Северна Македонија и се незабележителни кога станува збор за исламизмот. Терористот бил на радар за конституционална заштита, бидејќи тој бил еден од околу 90-тината австриски исламисти кои сакале да заминат во Сирија. Тој бил спречен да го стори тоа во јули годинава. Полицијата не веруваше дека планира терористички напади во Виена“, напиша Кленк.

„AlertChannel“, пак, на Твитер објави дека терористот е Албанец од Тетово во Северна Македонија.

„Според информациите, името на еден од терористите е Куртин С. Тој е роден во Виена, но е Албанец од Тетово, Северна Македонија“, пишува „AlertChannel“.

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, по состанокот на кризниот штаб, синоќа објави дека напаѓачите во центарот на Виена пукале кон луѓето кои седеле во кафулињата.

– Пукано е во луѓето во баровите, особенокон оние кои седеле во бавчите –  рече Лудвиг, додавајќи дека е запрепастен од нападот.

Тој истакна дека постои тесна соработка меѓу полицијата и градските власти и организации со цел да се пронајдат напаѓачите.

Градоначалникот информира дека еден од напаѓачите е убиен и дека се проверува неговиот идентитет, како и дека се проверуваат информациите дека носел појас со бомба.

Лудвиг рече дека меѓу убиените има и еден цивил и дека има 15 ранети.