Терорситот од Ница се јавил дома ноќта пред нападот, семејството со солзи во очи тврди дека тој не е убиец

Семејството на напаѓачот од Ница, кое живее во Тунис, вели дека пред две години тој се посветил на верата, но не можат да поверуцаат дека убил три лица в црква.

-Тоа не е нормално, повторувал неговиот брат Јасин за „Франс прес“, додавајќи дека не разбира како неговиот брат Брахим, кој неодамна наполнил 21 година, можел да го направи тоа.

Брахим Исауи е роден во семејство кое брои осум ќерки и три сина. Живеел со родителите во скромна куќа во сиромашна населба во предградието на пристанишниот град Сфакс во Тунис.

Тунисите власти наведуваат дека тој немал полициски досие за тероризам, но бил гонет за насилство и дрога. Илегално ја напуштил земјата на 14 септември.

(фото: АФП)

Во средата навечер се јавил дома и кажал дека само што стигнал во Франција од Италија, каде што работел на плантажа за маслинки месец и половина откако допатувал преку Средоземно Море.

-Рече дека во Франција е полесно да се најде работа, зошто во Италија има премногу луѓе, раскажува братот.

(фото: АФП)

Неговата мајка Гамра пред репортерите на весникот плаче држејќи ја фотографијата од синот. Вели дека во прва година тој го напушти средното училиште за да „поправа мотоцикли“. Кога „заштедил“ малку пари отворил мала неформална бензиска пумпа, какви што може да се видат многу низ Тунис.

-Му реков со тие пари, околу 400 евра, да изнајми мала продавница и да почне бизнис. Ми рече дека сака да направи куќа за да продава гориво. Пред околу две години се повлече и почна „да се моли“. Од работа идеше дома, не излегуваше и со никој не се дружеше, раскажува мајка му.

Пред тоа, како што вели, често знаел да се врати пијан.

-Пиеше, се дрогираше. Му велев „Ние сме во неволја, а ти фрлаш и трошиш пари. Ми велеше „Ако Бог сака, ќе ме сврти на вистинскиот пат“, раскажува мајката пред француските новинари.

(фото: АФП)

Според неговата сестра Аида, оваа промена кај него не значи дека „тој е убиец“.

-Скромно семејство сме, но нашиот брат не е терористи и екстремист, сакаме да ни помогнете да ја откриеме вистината. Ако навистина го направил тоа, некој сигурно бил позади него, им се обратила таа на семејствата на жртвите.

Неговиот роднина, пак, Кајес Исауи, вели дека целото семејство е шокирано.

-Ние сме против тероризам и се срамиме поради ова, рекол тој.

Брахим е осомничен дека во четвртокот во црква во Ница, Франција со нож убил три лица, од кои една жена обезглавил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.