Тешка хаварија во ТЕЦ Неготино

„Лагата е составен дел на политиката на владата на СДС и ДУИ. Манипулацијата стана врвна алатка за владеење.
Кој и зошто сака да ја прикрие хаваријата во ТЕЦ Неготино која е директно предизвикана од нестручно управување со Термоелектраната? Дали е ова „НЕ“намерно предизвикано за да се увезува струја, како што рече Бислимоски, „непланирано“ за 30 милиони евра?“, се вели во објавата на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на Фесјбук.
„Нервозата кај СДСМ и ДУИ, но и молкот кој завладеа за ова прашање, јасно покажува дека се одмотува една поголема афера која мора до крај да се расчисти и за која директорот на ЕСМ (ЕЛЕМ) треба уште веднаш да почне да дава одговори. Во овој случај со ангажман на фирмите од Украина и од Скопје во четири очи без јавен договор, сериозно личи на криминален скандал“, наведува Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ и додава:
„Има многу лаги кои сме ги слушнале од политичарите на СДС, а биле разобличени, лаги од типот: „името ќе го решиме во наредните 6 месеци, ќе вработиме по еден од секое семејство, само што не не примиле во ЕУ“ и сл.
Народот е наивен до одредена линија, но политичарите лажговци имаат ограничен век на траење.
Имено, пред повеќе од месец дена во ТЕЦ Неготино се јавила доземна врска на статорот на генераторот. Иако по инструкција требало веднаш безбедно да го исклучат, раководниот тим под притисок на директорот Ковачевски работеле уште определен период што предизвикало проширување на проблемот и горење на статорска намотка од ротор на генератор.
Ова истото се правеше пред да се запали трансформаторот на БЛОК 3 во РЕК Битола. Имено, овие исти „СТРУЧНИ ЛИЦА“ го пуштија во работа со доземна врска. За ова човекот кој потпиша да се вклучи генераторот, послушник на Директорот Ковачевски е награден со функција Директор на Рудници во РЕК Битола.
Сериозноста на хаваријата која ја предизвикале во ТЕЦ Неготино со несовесно работење, која сега сакаат невешто да ја прикријат, па се прпелкаат на прес конференции е огромна. Директорот на ЕСМ (ЕЛЕМ) Ковачевски бессрамно лаже да ја прикрие хаваријата во ТЕЦ НЕГОТИНО.
Разобличени од несреќникот поставен за Претседател на Регулаторната комисија Марко Бислимовски, дека ќе се направи непланиран увоз на електрична енергија од 30 милиони евра, шампионскиот тим на енергетиката подржан од нарко картелот од Муртино пробуваат да ја заташкаат оваа хаварија. Имено, со договори во четири очи (најверојатно со браќата од Муртино) се ангажираат луѓе од укринска фирма кои ниту се овластени, ниту имаат дозвола за санација на ваков сериозен дефект на генераторот од Русија. Единствени референци за ангажирање се исплата на проценти во Муртино и кај двоецот Ковачевски.
Во исто време ангажирана е и локална скопска фирма-миленик на директорот Ковачевски која во РЕК Битола склучувала вакви милионски тендери во „четири очи“ повеќе пати за „специјалистички работи“ во кои треба да се прикријат хаварии.
Имено, моментално се работи на замена на 52- ра горна намотка статор од генератор. Обидувајќи се да ја прикријат хаваријата и несваќајки ја сериозноста на дефектот, импровизираат со демонтажа користејки бренери. Бидејќи немаат соодветни инструменти, а згора не се скаата работата да биде бргу, импровизираат и со мерење со несоодветни инструменти.
Во неформален разговор еден од работниците на санацијата ни соопшти дека: „на предлог од специјалистите oд Украина не се испитува комплетно целиот генератор со цел да не се оштети и друга намотка, бидејќи иде зима и треба струја“.
Со ова можеме да заклучиме дека се врши нестручна, брза, неефикасна и аматерска санација за што во прилог ви доставуваме и слики на така сериозна машина која постои опасност од експлозија.
Повторно ги повикуваме да се вразумат, да ангажираат овластени стручни лица, комплетно да се испита состојбата со генераторот, со цел да не дојде до експлозија и хаварија од невидени размери.
Катастрофалната состојба во енергетскиот сектор СДСМ се обидува да ја покрие со оправдувања и барање вина во други. Енергетската криза во Македонија е метастазирана поради криминалот и корупцијата на власта предводена од антимакедонската СДС која полека, но сигурно ја носи држават во Банкрот.
Домашното производство на електрична енергија е на рекордно најниско ниво, а стопанството губи над 1 милион евра дневно за струја заради Владата на антимакедонската СДС која прави криминали со увозот на скапа струја.
Лагата која СДС сака сто пати да ја повтори со цел да стане вистина веќе не поминува. Бројките се немилосрдни. Ковачевски сега купува струја 30% поскапа од HUPX, која е за 30-50 % поскапа од домашната.
За оваа кражба која ја прави владата на антимакедонската СДС ќе има одговорност.
Избори час поскоро за да се спаси тоа што остана од Македонската енергетика“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.