Тешка несреќа на автопатот Скопје –Тетово, четворица повредени

54

На 05.08.2020 во 21.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје –Тетово, Ф.А.(21) од Скопје, управувајќи автомобил „Сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во метална ограда.

-Во незгодата, сопатникот З.Ф.(19) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и уште двајца сопатници Б.М.(25), И.Ш.(28) од Скопје се здобиле со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.