Тешка несреќа на Бадник: Битолчанец со товарно возило удрил во куќа

На ул.„Љубојно“ во Битола, вчера околу 10:40 часот од А.Ч.(26) од с.Црнобуки, битолско било пријавено дека управувајќи товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, информира МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.