Тешка победа на Сити, Арсенал го доби дербито со Јунајтед

Во едно најголемите дерби ривалства во англискиот фудбал, во рамките на 21-го коло во Премиер лигата, Арсенал во Лондон со 2:0 го победи Манчестер Јунајтед, со што „Топчиите“ ја прекинаа низата од четири домашни порази и седум натпревари без победа.

Арсенал многу подобро го започна мечот и веќе во 8 та минута додјде во водство со голот на Биколас Пепе, а во 42 минута Сократис Папастатопулос го постигна вториот погодок, што беше и конечниот резултат.

Ова е првата победа за Арсенал откако на тренерската клупа на 20-ти декември седна Микел Атрета. Лондонскиот клуб сега е на 10-то место на табелата со 27 бодови, а Манчестер Јунајтед остана на петтото место со 31 бод.

Фудбалерите на Манчестер Сити многу потешко од очекуваното славеа на домашен терен со 2:1 против Евертон, кој по преземањето од Карло Анчелоти успеа да се извлече од опасната зона на испаѓање.

Двата погодока за тимот на Пеп Гвардиола ги постигна Габриел Жезус во интервал од седум минути, во 51 и 58-та, а намали Ричарлисон во 71 минута. Ова е првиот пораз на Анчелоти откако го презема Евертон. Сити е трет со 11 бодови помалку од водечкиот Ливерпул, кој има и два натпревара помалку, и бод помалку од второпласираниот Лестер. Евертон моментално е на десеттото место со 25 бодови.

Фенерџијата Норич Сити пред домашните навивачи потклекна во последните минути од средбата и му дозволи на Кристал Палас да израмни. Домашните поведоа во 4 минута со голот на Тод Кантвел, а за гостите израмни Конор Вилхем во 85 минута.

Норич и натаму е последен 20-ти со 14 бодови, седум помалку од зоната која обезбедува опстанок. Кристал Палас е деветти на табелата со 28 бодови.

Вест Хем на свој терен со 4:0 го декласираше Борнмут. Двоен стрелец беше Марк Нобл во 17 и 35 минута од пенал, а погодија и Себастиен Халер во 25 и Фелипе Андерсон во 66 минута.

Всет Хем Јунајтед се одржува на 16-та позиција со 22 бодови, само два повеќе од местото кое води во доигрувањето за опстанок -18-то место на коешто е токму Борнмут.

Колото во четврток го затвора дуелот меѓу Ливерпул и Шефилд Јунајтед.