Тешка сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, три лица тешко повредени

Вчера претпладне, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила тешка сообраќајна несреќа во која со повреди се здобиле три лица, на кои им била укажана лекарска помош.

„На 26.09.2019 во 10.25 часот на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо корал“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.М.(73) и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(57), двајцата од с.Тромеѓа, кумановско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.П. од возилото „тојота“ и била пренесена во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобиле возачот С.М. и сопатничката М.Д. и биле пренесени во болницата во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово“, велат од МВР.