Тешка сообраќајка на патот Новаци-Битола

36

Синоќа на регионалниот пат Новаци-Битола, кај село Логоварди, Битолско, се случила тешка сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден Ј.Б. (59) од Новаци.

Тој управувајќи со патничко возило „фолксваген голф“, со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Ј.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа на СВР Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.