Тешка сообраќајка попладнево кај Џевахир

Тешка сообраќајка се случи на раскрсницата на Булевар Србија и Трета Македонска бригада што води кон населбата Лисиче кога Опел Корса се судрила со Мазда со скопски таблички.

Корсата се забила во маздата откако некој поминал на црвено. Од силината на ударот сите воздушни перничиња на Маздата се отвориле, пренесе Пресингтв.

Има едно повредено лице кое е пренесено во Јане Сандански.