Тешка сообраќајка утринава на патот Росоман-Кавадарци, тракторист пренесен на Клинички

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на патот Росоман-Кавадарци, на мостот на Црна Река, каде утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци.

-Според првичните сознанија, до несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден зад друг. Притоа возачот на комбето удрил во задниот дел од тракторот, го дестабилизирал и тој излетал од патот. Во несреќата возачот на тракторот на возраст од 69 години се здобил со тешки животозагрозувачки повреди и е пренесен на лекување на скопските клиники, додека 27-годишниот возач на комбето се здобил со телесни повреди, информираат од Обвинителството.

Во насока на утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби, меѓу кои и наредба за анализа на примероци од крв и урина на учесниците во сообраќајната несреќа, наредба за технички преглед на возилата и сообраќајно вештачење.​​