Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода – Се судрија автобус и автомобил

Автобус на ЈСП број 24 и автомобил се судрија вечерва околу 23 часот во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на детската градинка „8-ми Март“, на улицата „Христо Татарчев“.

Автомобилот марка „пежо партнер“ возел во спротивна насока и директно удрил во автобусот, а според очевидци, возачот кој управулал со автомобилот е тешко повреден и бил во алкохолизирана состојба.

Полиција и Брза помош се на местото на сообраќајката, а информација за повредени патници засега нема.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.