Тешка сообраќајка во Центар, возач пренесен во болница

Возач е повреден во сообраќајна несреќа која вчера околу 12 часот се случила на улицата „Филип Втори“ во Скопје.

Во несреќата учествувале „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ч.(37) од с.Рашче, скопско, и „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, управуван од С.А.(50) од Скопје.

-Во незгодата со повреди се здобил Н.Ч. и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.