Тешка сообраќајка во Штип, повредена 30-годишна Србинка

На 01.06.2022 во 15.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Штип, патничко возило „алфа ромео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(30) од Република Србија, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.