Тешка сообраќајна несреќа, две лица со повреди

На 11.06.2022 во 12.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Суводол-Скопје, во атарот на с.Брезница, на место викано „Биба“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од В.А.(66) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.С.(56) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“, Ј.А.(67) од Скопје, а со телесни повреди се здобил В.А., констатирани во Градската општа болница во Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Македонски Брод.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.