Тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште на Брзата помош – неколку лица тешко повредени… (ФОТО)

Денес на патот Штип-Кочани се случиле две сообраќајни несреќи. Првата се случила во 09:50 часот кај Крупиште, во која во која учествувало возило на Здравствениот дом Кочани, јавува РадиоКочани.мк.

Во собраќајката има троца повредени и сите се пренесени во штипската болница. Еден од повредените, односно возачот на амбулатното возило бил извлечен од страна на пожарникарите кои биле повикани на терен во 10:30 часот. Тие побарале помош и од пробиштипските пожарникари кои пристигнале на местото. Амбулантното возило од кочанската болница при ударот се заглавило во камион Кипер за транспорт на земја, известуваат од СВР Штип.

Втората се случила исто така на патот Штип-Кочани во 11:05 часот кај село Уларци во која учествувале три возила и има повредени, но засега не се знае колку.

Моментално на овој патен правец се изведуваат градежни работи на експресниот пат Штип-Кочани.

Сообраќајот на двата патни правци беше во прекин и сите возила се пренасочуваа по други алтернативни патишта.