Тешка сообраќајна несреќа кај Македонски Брод, возачот загина

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на Македонски Брод, откако возилото со кое управувал излетало од патот.

Како што се наведува во полицискиот извештај:

На 27.08.2019 во 18,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков, пред влезот за с.Ковче В.З.(46) од с.Растеш-Македонски Брод, управувајќи патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата возачот бил пренесен во Јавната здравствена установа – Македонски Брод, а оттаму во Општата болница – Прилеп, но при транспортот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Македонски Брод. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.