Тешка сообраќајна несреќа кај Штип во која загина 25-годишно лице од Карбинци

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека несреќата се случила синоќа околу 21 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман.
Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од К.Т. и патничко возило „хјундаи акцент” со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот Д.М. од Стар Караорман.
Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. добил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница – Штип.
Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР – Штип и јавен обвинител.