Тешка сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, загина едно лица

На автопатот Скопје-Велес вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа во којашто згаснал еден човечки живот, соопшти АМСМ, информирајќи ја јавноста дека сообраќајот е во прекин.

„Од 20:00 часот сообраќајот на Автопатот Скопје – Велес кај клучка Хиподром е во прекин поради случена сообраќајна незгода со жртва. Истиот се пренасочува према Куманово“, соопшти АМСМ.