Тешка сообраќајна несреќа на патот Градско-Прилеп

На 09.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај с.Тројаци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(27) од с.Горно Лакочереј, охридско и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(49) од с.Врбоец, крушевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М., сопатникот од неговото возило Х.Н.(19) од с.Врбоец и сопатничка од возилото „ауди“, М.Д.(29) од Охрид, додека со телесни повреди се здобила М.И. и сопатниците од истото возило, Д.Ј.(32) од с.Требеништа и А.Б.(25) од с.Пештани, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.