Тешка сообраќајна несреќа на патот Кондово-Свиларе, две момчиња тешко повредени

Две момчиња од скопско Кондово, со тешки телесни повреди се пренесени во болницата „8 Септември“ откако возилото со кое се превезувале излетало од локалниот пат Свиларе-Кондово, обајвува порталот алсатм.

Според деталите од МВР:

На 04.09.2019 во 18.53 часот на локалниот пат с.Кондово-с.Свиларе, скопско, А.М.(19) од с.Кондово, управувајќи патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото. Во незгодата сопатникот М.А.(18) од с.Кондово се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.