Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

Страшна сообраќајна несреќа се случи утрово кај старата Градска болница во центарот на Скопје, пренесува КУРИР.

Две возила се буквално смачкани откако се судриле на раскрсницата спроти македонското Собрание.

Читател на порталот КУРИР ја испрати фотографијата од која се гледа возило „опел корса“ кое е многу оштетено. Очевидецот посочува дека и другото возило е „смачкано“.