Тешка сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера во 19 часот се случила во скопската населба Кисела Вода.

Како што информира МВР, на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Народни херои“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.О.(44) од с.Брест, општина Македонски Брод и мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Г.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.