Тешка сообраќајна несреќа во Козле, загина едно лице

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која синоќа се случила во скопската населба Козле.

Во несреќата, која се случила околу 21 часот, според првичните информации учествувале два автомобили и мотоцикл.

Засега не е познат идентитетот на загинатиот, а дел од медиумите неофицијално јавуваат дека станува збор за малолетно лице.

Од полицијата повеќе детали најавуваат во текот на денот.