Тешка сообраќајна несреќа во Синѓелиќ: Едно лице загина, друго со тешки повреди

333

Тешка сообраќајна несреќа во Синѓелиќ: Едно лице загина, друго со тешки повреди итно пренесено во болница

Едно лице загина, а друго со тешки повреди итно е пренесено во болница со возило на Итната медицинска помош.

Несреќата во која учествувале мотор и машина за сечење дрва се случила вечерва, пред 20 часот кај училиштето во Синѓелиќ, јавува ТВ21.

Загинало лицето кое ја управувало машината, а моторциклистот е со повреди. Во моментот увидни екипи вршат увид на местото на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.