Тешка сообраќајна незгода кај ТЦ „Капитол мол“, двајца повредени

Тешка сообраќајна незгода меѓу две возила марка „опел“ се случи на булеварот „Јане Сандански“ кај ТЦ „Капитол мол“, во која се повредени две лица.

Според првичните информации од МВР, сообраќајната незгода се случила во 10.35 часот. Оттаму велат дека во неаа биле повредени две лица, а увидот се уште трае.

Од Службата за итна медицинска помош потврдија дека било интеревенирано по сообраќајната незгода и дека имало двајца повреди, од кои една жена и едно дете кои веднаш биле пренесени во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Претходно, рано изутринава тешка сообраќајка несреќа се случи на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на „Веро“ во Тафталиџе.

Учесници во несреќата се автомобил „БМВ“ и мотор. Неофицијално, има повредени лица кои се пренесени во болница.