Тешка сообраќајка кај Врапчиште, двајца тешко повредени

50

Две лица се потешко повредени, а по едно се трага, по сообраќајната несреќа која попладнево се случила во близина на стадионот во гостиварското село Врапчиште, пренесува Нова Македонија.

Според првичните информации полицијата, попладнево околу 16 часот на регионалниот пат Гостивар-Врапчиште во близина на стадионот, возило БМВ со гостиварски регистерски ознаки, излетало од коловозот и најнапред удрило во ограден ѕид, а потоа и во метална порта.

Од ударот со потешки повреди се здобиле Е.Ј, за кој се претпоставува дека управувал со возилото и С.А. (27) од Дебреше. Двајцата се пренесени во гостиварската болница од каде, по укажаната медицинска помош, транспортирани се за Скопје.

Во возилото било уште едно лице, кое побегнало од местото на настанот, а полицијата трага по него. Во тек е увид, кој го вршат јавен обвинител и екипа на крим техника.
Како можна причина за сообраќајката се наведува пребрзо возење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.