Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, загина жена

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на магистралниот пат Штип-Велес, во која една жена го загуби животот, пренесе МИА.

Според првичните информации од полицијата несреќата се случила кај селото Сарамзалино, кога автомобилот во која се превезувала жртвата се превртел.

Секторот за внатрешни работи Штип повеќе детали за несреќата најави во текот на денот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.