Тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Штип-Велес

Вчера околу 7:00 часот се случила тешка сообраќајна незгода на магистралниот пат Штип – Велес помеѓу патничко моторно возило марка „Голф“ со штипски регистарски таблици и моторно товарно возило комбе „Форд“ со кумановски регистарски таблички.

Голфот бил управуван од штипјанецот В.М. роден 1991 година а Фордот со кумановски регистарски таблици бил управувано од Б.Н. роден 1982 година од село Соколарци.

Возачот на Голфот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност бил префрлен на лекување во Скопје, а возачот на комбето кој исто така се здобил со тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување во штипската Клиничка болница.

Во комбето имало уште двајца сопатници од кои едниот малолетник, но за разлика од возачите тие се здобиле со лесни телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.