Тешко е да се порази мафијата: Дритан Абазовиќ добива сериозни закани за животот, 24 часа е полициски надзор!

127

Дритан Абазовиќ, водачот на движењето УРА, е во центарот на вниманието по парламентарните избори во Црна Гора, не само во домашните и регионалните, туку и во светските медиуми.

Од неговите гласови ќе зависи кој ќе ја формира новата влада. Не се плаши за својот живот но има сериозни закани и е 24 часа под полициски надзор. Мафијата има што да изгуби, вели тој.

Во разговор со германскиот неделник „Шпигел“, тој откри дека е под полициска заштита поради невидениот притисок што го трпи по изборите.

На прашањето за протестниот митинг пред неговата куќа во Улцињ, Абазовиќ одговори:

“Не бев таму таа вечер. Кога дознав за тоа, прво реков на шега: луѓето дојдоа да ме поддржат. Вистината е, има голем притисок врз мене, јас во моментов сум под полициска заштита”, рече тој и додаде:

“Знам дека има многу луѓе кои можат да ми направат нешто, но не се плашам. Заканите се цената што ја плаќаме како политичари. И тие се исто така логични во сегашната ситуација, ако земете во предвид една работа: по овој резултат на изборите, има многу луѓе кои можат да изгубат многу “.

Црна Гора неодамна, прв пат во својата историја, беше сведок на демократско менување на власта, при што претседателот Мило Ѓукановиќ и неговиот ДПС претрпеа големи загуби на изборите на 30 август.

По три децении власт на Мило, државата се соочува со фундаментална политичка промена. Трите изборни сојузи имаат мало мнозинство во парламентот и сакаат да владеат заедно, пишува „Шпигел“, но исто така го посочува и проблемот – овие сојузи се политички крајно хетерогени, почнувајќи од српски националисти и пријатели на Путин до социјално либерали и зелени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.