Тешко повреден 20-годишник во излетување на возило кај Прилеп

Во саботата утрото околу 4 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, пред селото Славеј, патничко возило „опел тигра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Ј. на 20 години од Прилеп, излетало од патот.

Во несреќата сопатникот Х.Н., исто така на 20 години од Прилеп, се здобил со тешки телесни повреди, а возачот со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.