Тешко повреден 75-годишен маж од Штип

На 19.12.2022 во 09:57 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница од ул.„Панко Брашнаров“ со ул.„АСНОМ“ во Штип, на место викано „Бања Черења“, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(45) од Штип, удрило во Ф.Р.(75) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.Р., констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.