Тешко повреден малолетник во Куманово, возачот избегал

Во саботата во 15,10 часот во Куманово на улицата „Сава Ковачевиќ“ автомобил удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возилото го напуштило местото на несреќата.

Пешакот бил пренесен во Општа болница-Куманово каде му била констатирана тешка телесна повреда.

Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.