Тешко повреден мотоциклист по судар со трактор

Битолски мотоциклист е хоспитализиран со тешки повреди, откако во вторникот околу пладен на регионалниот пат Макази – Маркова Нога се судрил со трактор, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера околу 13.25 часот на крстосницата за селото Долна Бела Црква, ресенско, се случила сообраќајна незгода меѓу трактор „ИМТ 533“, без регистарски ознаки, управуван од 78-годишниот Ж.И. од селото Курбиново, ресенско, и мотоцикл „БМВ 1200“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 36-годишниот А.О. од Битола.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде  му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициско одделение Ресен, информираат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.