Tешко повреден мотоциклист во Велес откако паднал на коловозот

Вчера во 17.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот Градско-Велес, на место викано „Венуле“, Н.П.(28) од Велес, управувајќи мотоцикл „сузуки“, со велешки регистарски ознаки, паднал на коловозот, информираат од МВР.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.