Тешко повреден пешак во Гостивар, го удрил автомобил

На 31.05.2023 во 12.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило „сеат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(66) од с.Лакавица, гостиварско, удрило во пешакот Л.И.(70) од Гостивар.

Во несреќата, Л.И. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.