Тешко повреден пешак во Штип

На 18.09.2022 во 20:10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Васил Главинов“ во Штип патничко возило „киа пиканто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(21) од Штип, удрило во пешакот И.Ќ.(29) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.