Тешко повреден работник во Зоолошката градина во Скопје

Во петокот претпладнето околу 11,20 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди е донесен повреден 46-годишниот В.Г. од Скопје.

Според пријавеното, тој се повредил околу 10,30 часот, додека бил на работното место во Зоолошка градина Скопје. Полициски службеници излегле на местото, а за случајот е известен трудов инспектор, но засега нема поединости како настанала повредата.