Тешко повреден велосипедист: Удрил во автомобил, па го собрале со мотор

Велосипедист е тешко повреден по бизарна сообраќајна несреќа која се случила  вчера попладне се случила на булеварот „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар.

Четириесетгодишниот гостиварец Д.П. движејќи се со велосипедот бил удрен со врата од патничко возило „Голф 3“ со странски регистерски таблици, што ја отворил 41-годишниот Р.Ѓ. од Косово, кој претходно го паркирал возилото на обележано паркинг-место.

Велосипедистот од ударот загубил контрола на движењето, по што на него налетал непознат моторцикл, кој веднаш го напуштил местото.

Велосипедистот Д.П. паднал на коловозот, се здобил со тешки повреди и со „Голфот“ веднаш бил пренесен во гостиварската болница, укажана му е помош и пуштен е на домашно лекување.

Полицијата работи на расчистување на сообраќајната и пронаоѓање на моторциклистот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.