Тешко повредена 22-годишна девојка, со автомобилот излетала од патот, повреден и сопатникот

69

Дваесет и двегодишна кавадарчанка била тешко повредена во сообраќајна несреќа, која утринава околу два часот се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај месноста викана „Северова Падина“. Информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Кавадарчанката ги здобила повредите, откако патничкото возило „мерцедес“, со кавадаречки регистарски ознаки, со кое управувала, излетало од патот.

Додевски соопшти дека сопатникот на возраст од дваесет години се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.