Тешко повредена скопјанка, паднала во автобус

Скопјанка се здобила со тешки повреди и е пренесена во болница, откако паднала во автобус на ЈСП.

Настанот се случил на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

– Додека Ш.Ш.(64) од Скопје се превезувала во автобус на ЈСП, управуван од Б.Х.(29) од с.Рашче, скопско, паднала во внатрешниот дел на автобусот, при што се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.