Тешко повредена жена во автобус на ЈСП

Жена се здобила со тешки телесни повреди кога се лизнала и паднала на скали во автобус на ЈСП.

Во 12.35 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена 69-годишната Н.П. од Скопје.

Според пријавеното, Н.П. се здобила со повредите додека се качувала на предните скали за горниот кат од автобус „јутонг“ на ЈСП, при што се лизнала и паднала.

Се преземаат мерки за расчистувње на случајот.