Teшко повредена жена во Тетово, ја прегазил маж од Слатино

Жена е тешко повредена откако вчера околу 16.30 часот била прегзена на бул.„Благоја Тоска“ во Тетово.

Според МВР, патничко возило „ауди А4“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(38) од с.Слатино, тетовско, удрило во пешакот К.С.(67) од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила К.С., констатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.