Тешко повредени моторџија и велосипедист

Моторџија и велосипедист тешко повредени се во болница во две одделни сообраќајки со автомобили.

Според МВР, на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу возилото „форд фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(36) од Скопје.

Во вториот случај, пак, според полицијата, на крстосницата од улицата Ристо Шишков и улицата Аминта Трети во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(31) од Скопје, и велосипед „каприоло“ управуван од Ј.Х.(25) од Скопје.