Тешко ранет Србин на косовскиот север

Косовски Србин е тешко ранет во понеделникот во вооружен инцидент на северот на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија, кога припадниците на косовската специјална полиција ROSU пукаle во неговиот автомобил, а Белград и Приштина различно известуваа за случајот, во време на засилени дипломатски напори за нормализирање на односите меѓу двете страни.

Канцеларијата на српската Влада за Косово и Метохија соопшти дека денеска околу 11,30 часот на „нелегалниот пункт на мостот Бистрица, на главниот пат Косовска Митровица – Лепосавиќ“, полицајците на „Росу специјалците на Курти пукаа во автомобил во кој беа двајца Срби“, а еден од нив е тешко повреден и со прострелна рана во градниот кош е пренесен во болница.

Директорот на Канцеларијата, Петар Петковиќ, во соопштение за медиумите истакна дека косовските специјалци пукале само затоа што Србите „не сакале да дозволат да бидат малтретирани без никаква основа и причина“. Рече дека „специјалците на Курти немаат што да бараат на северот на Косово и Метохија“, и дека на пунктот „кој е нелегален и незаконски подигнат, го малтретираат српскиот народ кој тами минува секој ден“.

Проштина соопшти дека нејзината полициска единица се обидела да запре возило со двајца српски младинци на контролниот пункт кај мостот Бистрица, но тие одбиле и со својот автомобил удриле полициска патрола, на што полицајците одговориле со пукање, објави порталот Kosev.

Полицијата тврди дека „осомничените побегнале од местото на инцидентот“, додека белградските медиуми јавуваат дека во болницата во Краљево, на југот на централна Србија е примен ранетиот Миљан Делевиќ од Лепосавиќ од северот на Косово.

Српска листа, која е блиска на Српската напредна партија на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска побара итно повлекување на сите специјални сили на владата на Албин Курти од северот на регионот кадешто етничките срби се мнозинство, како и апсење и казнување на полицајците кои пукаа.

Српската страна инсистира на претходниот договор дека припадниците на специјалните сили на косовската полиција и вооружените формации не можат да останат на северот со мнозинско српско население без посебна согласност од локалните власти, додека Приштина останува на ставот дека треба да ги штити законите и уставниот поредкот на целата ксоовска територија. .

На крајот од минатата седмица петчлена делегација ткн „квинта“, односно САД и главните земји ЕУ на одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовскиот премиер Албин Курти азговараше за можни решенија за нормализирање на односите меѓу двете страни, но двете страни имаат различни ставови. на заедничка дипломатска иницијатива на Вашингтон и Брисел.