Тешка кражба од вагон, недостасуваат 52 компјутери

компјутери

По овластување од јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што е констатирано дека при преглед на српски транзитери-царински посредници било забележано дека недостасува пломба и крилото од еден контејнер било отворено. При извршениот преглед, во присуство на царински работници, утврдено е дека од контејнерот недостасуваат 52 компјутери без монитори марка „ХП“. Според нивната документација во истиот контејнер требало да има 42 кутии или вкупно 1.212 компјутери. Извршени се разговори со лица затекнати на местото на настанот и засега не се знае точната локација каде била извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.