Тешка победа на Реал над фенерџијата Уеска

Во последниот натпревар од 15-то коло на шпанското фудбалско првенство во неделата Реал Бетис го победи со 2:0 Рајо Ваљекано, додека претходно Реал Мадрид минимално со 1:0 победи кај последниот клуб на табелата Уеска.

Головите за Реал Бетис ги постигнаа Џовани Ло Селсо во 59 минута од пенал и Сиднеи во 76 минута. Ова е четврта последователна победа во сите натпреварување две во првенството, и по една во шпанскиот Куп и во Европската лига. Реал Бетис сега се качи на 7-то место со 22 бодови, додека Рајо Ваљекано е претпоследен 19-ти со 10 бодови.

Претходно актуелниот европски шампион Реал Мадрид на гостувањето ја победи Уеска само со 1:0, иако поведе веќе во 8 минута преку Геретн Бејл, но потоа наиде на силен отпор, па дури и во опасност да се посрамоти кај фенерџијата. Домашните имено веднаш возвратија во 17 минута, но Тибо Куртоа со одлична интервенција го одбрани обидот на Езекил Авила. Уеска можеше да израмни и на почетокот од второто полувреме, но Гонзало Малеро не постигна гол од невозмножна за такво нешто позиција, односно со глава од два-три метра го промаши целиот гол. Бејл можеше да го разреши дилемите во 69 минута, но неговиот удар го одбрани Александар Јовановиќ. За квалитетот на играта на „Кралевите“ доволно говори податокот дека тоа беше нивниот единствен удар во рамките на противничкиот гол во второто полувреме. Во продолжението Уеска се обидуваше да израмни, но Реал со крајни напори успе да ја одбрани минималната предност.

Сепак, Реал успеа да го мине Алавес на табелата на четвртата позиција, со 26 бодови, по два помалку од трето и вторпласираните Атлетико Мадрид односно Севилја, и пет помалку од водечката Барселона. Хуеска останува на дното со само седум бодови.

Реал Сосиедат со 1:2 дома беше поразен од Вајадолид, кој со новите три бода дојде до 10 бодови, останува на претпоследното 19-то место, но сега со намалена разлика зад клубовите кои се надвор од зоната на испаѓањето. Баскискиот клуб, пак, остана на 13-то место со 19 бодови.

Еибар и Леванте го одиграа највозбудливиот натпревар на колото, поделувајќи ги бодовите со дури осум постигнати голови. Енрих уште во 8 минута го доведе во водство Еибар, но веќе во следната Леванте израмни преку Морале. Во 25 минута Робер ги донесе во водство гостите. Во второто полувреме Еубар фуриозно тргна по победата, и во периодот од 57 до 65 минута домашните постигнаа три гола, преку Ескаланте во 57 и Карлес во 61 од пенал и 65 минута и поведоа со 4:2. Но самозадоволството и опуштањето кај домашните играчи го искористи Леванте и преку Тоњо во 75 и во втората минута од судиското продолжение преку Мајорал дојде до бод.

Еибар е 14-ти со 19 бодови, а Леванте ја потврди високата шеста позиција сезонава, со освоени 22 бодови.

Колото во понеделникот го заокружува дуелот Атлетик Билбао – Жирона.