Тешка сообраќајка кај Гевгелија – загина семејството на старешина на српски храм

Тешка сообраќајка кај Гевгелија на пат кон Грција, се случила утринава. Во несреќата животот го загубија мајка и две деца од Србија.

Утрово околу 7 часот на автопатот Демир Капија – Гевгелија случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „рено-меган“ со српски национални ознаки откако претходно удрило во заден дел од возило „фијат добло“ со гевгелиски регистерски ознаки излетало од патот и удрило во метален столб.

Жртвите сопруга и деца на старешина на српскиот храм „Свети Сава“

Во тешката несреќа која утрово се случи кај Гевгелија починаа сопругата и двете деца на старешината на Храмот Свети Сава, Радивоје Паниќ, кој е тешко повреден. На лице место починала неговата сопруга, Тијана П. (45). Децата, момче на возраст од 18 години (Н.П.) и девојче на возраст од 10 години, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите.

Свештеникот поради тешките повреди е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Од Клинички центар велат дека Паниќ неодамна е примен и дека будно се надгледува неговата состојба.

Изврешен увид на местото на несреќата

Од полицијата информираат дека во другото возило нема повредени патници.

На местото на настанот излегол јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. Ивршен е увид и се работи на целосно расчистување на несреќата.

Семејство од Ниш повредено во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Годишниот одмор се претвори во семејна трагедија на семејство од Србија. Тричлено семејство од Ниш e повредено во страшната сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево.

Туристите од Ниш кои доаѓале на одмор во Охрид, доживеале сообраќајна несреќа на патот Охрид –Кичево, кај селото Сливово, јавува Канал 5.

Како што информира телевизијата, родителите се тешко повредени и згрижени во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, а за среќа нивното петгодишно дете е надвор од животна опасност.

Според полициската статистика оваа сезона нема сообраќајки со жртви

Според полициската статистика оваа сезона нема сообраќајки со жртви

Покрај сообраќајните несреќи што се случуваат во охридскиот регион, како и сообраќајна несреќа на патот Охрид – Кичево, според полициската статистика сезонава сеуште нема сообраќајки со жртви.

Во текот на овој месец во Охрид не се забележани  сообраќајни незгоди со жртви за разлика од истиот период лани кога во Охрид се забележани  три сообраќајни незгоди со четири жртви. Сметаме дека сите овие средби кои имаат превентивен карактер вродуваат со плод, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид за Канал 5.

Републичкиот и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот со кампања

Со цел ова лето да биде безбедно како за охриѓани, така и за туристите од Републичкиот и општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Охрид велат дека ќе водат силна кампања.

-Сакам да апелирам до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи  особено да  внимаваат на ограничувањето на брзината и да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол, вели Стојче Стаменкоски претседател на Републичкиот совет за безбедност на патиштата.

Сообраќаен метеж во Охрид

Инаку, поради големиот наплив на возила Охрид во овој период од годината е познат по сообраќајниот метеж.

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата донираше одбројувачи за семафори , а наскоро ќе донира и нови семафори што ќе бидат поставени на најкритичните точки во Охрид.

 

 

Ланската туристичка сезона ја одбележаа неколку сообраќајки на српски државјани во Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.